Македонската фудбалска репрезентација вечер го игра завршниот, шести меч од групната фаза во Лигата Б од Лигата на нациите. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Словенија.
Селекторот Гоце Седлоски очекува македонската репрезентација да ја повтори борбеноста од претходното гостување во Глазгов, да игра офанзивно и конечно да ги израдува навивачите.
– Мора да тргнеме поофанзивно од претходните дуели. Создаваме шанси, а кога на вакви дуели креирате по две-три шанси – треба да ги искористите. Словенија е компактна селекција и излегува моќно од дефанзива, но верувам дека со карактер можеме да дојдеме до трите бода, порача Седлоски.
Натпреварот ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.







Comments are closed for this post.