Цеца Ражнатовиќ е на удар на фудбалската мафија од Азија, пишуваат српските медиуми. Хакери од Тајланд и Камбоџа упаднаа на нејзиниот официјален сајт и објавуваат коефицинети од илегални обложувалници кои вратат милиони долари дневно на тој дел од светот.

Не се знае која е причината за упадот, иако Цеца има „гревови“ во светот на фудбалот од времето кога заедно со сопругот Аркан беа газди на ФК Обилиќ имаа неколку сомнителни резултати и трансфери на играчи во азиски клубови.