Како што објавува бразилскиот весник „Глобо“ шест од десетте загинати во пожарот во тренинг центарот на бразилскиот фудбалски клуб Фламенго се фудбалери во младинските категории на клубот, двајца од нив биле на проба, а четворица биле вработени во клубот.

Во несреќата има и тројца тешко повредени, коишто исто така се дел од фудбалската академија, Џонатан Круз Вентура (15), Кауан Емануел Гомес Нуњес (14) и Франциско Диого Бенто Алвес (15).

Пожарот во тренинг центарот на најпопуларниот бразилски клуб избил утринава, а по бил изгаснат два часа подоцна.