Најмалку десет лица загинале, а три други се тешко повредени во голем пожар што се случил во тренинг центарот на бразилскиот фудбалски клуб Фламенго.

Според информации од локалните противпожарни служби, пожарот настанал во 5.17 по локално време утринава, а по два часа е ставен под контрола.

Првично нема информации за идентитетот на жртвите и дали меѓу нив има фудбаери или членови на сручниот штаб, но според одредени објави на локално радио, во моментот на несреќата во комплексот се наоѓале деца на возраст од 14 до 17 години.

Тренинг центарот на клубот се наоѓа во населбата Варжем Гранде, во источниот дел на Рио де Жанеиро. Фламенго е најпопуларниот клуб во Бразил и е познат по тоа што од неговата фудбалска академија излегле фудбалери како Зико, Леонардо, Винициус.