Никола Џони Вушовиќ, кој се крие во Доминиканската Република и Панама наредил на навиачката група „гробари“ преку шифрирана порака да скандираат „Вучиќ, педер“ и да развијат транспаренти за поддршка на Вељко Беливук.

За време на кошаркарскиот натпревар Партизан – Макаби навивачите кренаа транспаренти на кои пишуваше: „Стоп за француската воена операција „Скај“ во Србија“ и „Слобода за гробарите“, а се беше пропратено со навредливи скандирања против Вучиќ.

Пораките од транспарентите се однесуваа на Беливук и неговите касапи и на грозоморните преписки и снимки од убиствата кои овие мафијаши ги разменуваа преку апликацијата Скај, која француските власти ја предадоа на српската полиција.