Македонските ракометари ја забележаа втората победа во вториот натпревар на Светското првенство кое се одржува во Германија и Данска. Во второто коло беа поуспешни од Бахреин со 28:23.На полувремето бевме во водство со 12:8.
Најефикасен во нашиот состав беше Кире Лазаров со 8 погодоци, Манасков и Кузмановски имаа 4, а Талески и Поповски по 3. Лазаров беше прогласен и за играч на натпреварот.
Осцилираме. Имаме добри и лоши моменти. Можеби требаше да го решиме натпреварот многу порано, изјави тој по натпреварот.
На нашите ракометари им преостануваат натпреварите во групата против Хрватска, Шпанија и Исланд. Денеска Хрватска игра против Јапонија, а Шпанија е на мегдан со исланд. Најдобрите три селекции од групата ќе продолжат во следната фаза од СП.
Comments are closed for this post.