Романија добро се офајди од присуството на македонските навивачи во Букурешт. Според официјалните податоци од Управата за јавни приходи на Романија, за пет дена престој во угостителските објекти фановите потрошиле 450.000 евра.

Главното место за забава беше стариот дел на градот каде има многу пабови, ресторани, кафулиња. Пица чинеше 10 евра, хамбургери 3,5, пилешки стек 8.

Ном она што најмногу ги интересираше фановите секако беше пивото. Најевтино беше романското локално пиво „Чук“ кое чинеше две евра, додека странските како „Хајнекен, „Карслберг“ и „Туборг“ чинеа од 4-5 евра.

На оваа сума од 450.000 евра не се пресметани парите кои Македонците ги потрошија за сместување, воглавно во апармани и станови на „Букинг“.