Македонската репрезентација рутински го победи Лихтенштајн со 5-0. Добрата игра од Букурешт се повтори и во Скопје а своја вечер имаше Александар Трајковски. Тој беше еден од најдобрите на теренот заедно со Барди.

Се виде дека Лихтенштајн не ни е дораснат противник и оти со право можеме да се надеваме на второто место во групата. Вистински предизвик ќе биде дуелот со големиот фаворит Германија во среда во Дуизбург.