Норвешкиот ски-скокач Даниел Андре-Танде е во кома, но во стабилна состојба, по страшниот инцидент за време на тренинг во словенечкиот зимски центар Планица. Синоќа, 27-годишниот Танде изгубил контрола врз левата скија и од скокалницата полетал со 100 километри на час пред лошо да се приземји.

Медицинска екипа му пружала помош триесетина минути, а потоа со хеликоптер бил пренесен во болницата во Љубљана.

Норвешката скијачка асоцијација потврди дека Танде при падот го скинал црниот дроб и ја скршил клучната коска.

Селекторот на норвешката репрезентација потврди дека четирикратниот светски и олимписки шампион од Пјонгчан 2018 се наоѓа во вештачка кома за да се намали оптоварувањето на неговиот мозок и изрази надеж дека со него се ќе биде во ред.