Вардар го доживеа вториот пораз сезонава во Лигата на шампионите и првиот на домашен терен од Барселона со 26-30 во 7.коло.

Барселона фуриозно го отвори натпреварот, поведе со 5-1 на стартот. Вардар правеше многу грешки во нападот, не знаеше како да ја пробие одбраната на противникот а тоа донесе и највисока предност на гостите од 13-7. Со два гола во финишот од првиот дел македонскиот тим успеа да намали и на одморот замина со четири негатива.

Во вториот дел Барселона брзо ја врати предноста од шест голови разлика и рутински ја одржуваше до крајот.

Дибиров со шест и Криштопанс со пет голови беа најефикасни во составот на Вардар, Чупиќ постигна четири. Мем со осум гола беше најдобар кај Барселона.

Вардар и Барселона за шест дена имаат нова пресметка овој пат во Шпанија.