Екипата на Шкендија го совлада Вардар со 1-0 и се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија по вкупни 3-2 од двата меча.

Агим Ибраими го постигна единствениот гол и по 2-2 во првиот меч донесе голема радост мешу домашните фанови во Тетово.

Работнички се пласираше во следната рунда откао го совлада Пелистер на стадионот „Борис Трајковски“ со 4-0.

Херера од пенал го отвори резултатот, Марковиќ беше стрелец на вториот гол за „романтичарите“, Јевтоски зголеми на 3-0, а Тошевски од пенал го постави конечниот епилог.