Легендарниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ го продолжи својот одмор по Сплит во Мали Лошињ, каде што престојуваше со своето семејство во луксузна вила во заливот Чикат.
Ибрахимовиќ престојува на Лошињ со сопругата Хелена Сегер и нивните синови. Вилата каде што престојуваа се вика Капетанска вила Руж, и станува збор за исклучително луксузен имот кој има и личен батлер.

Посебно внимание привлекува цената на престојот. Како што пишува „Империјал“, ноќевањето во оваа вила чини околу 14.000 евра, додека минималниот престој е пет ноќевања. Ова значи дека цената на најкраткиот можен престој изнесува 70.000 евра.







Comments are closed for this post.