УЕФА изрази загриженост поради непочитувањето на човековите права во Турција, која е кандидат за домаќин на Европското првенство во 2024 година. Во анализата на турската кандидатура се изразува загриженост за репресивните политики на претседателот Реџеп Таип Ердоган, и се вели дека не е образложен начинот на кој ќе бидат заштитени човековите права.
– Не постоењето на акциски план во врска со човековите права предизвикува загриженост, наведуваат од УЕФА.
Паралелно со ова, Германија ќе се обиде да ги искористи недостатоците во турската кандидатура во својата кампања за организацијата на првенството.
– Кандидатурата на Фудбалската федерација на Германија е квалитетна и ги исполнува сите очекувањa во однос на политичките прашања, социјалната сигурност, одржливост и човековите права, наведуваат од УЕФА.
Дополнителен проблем за Турција се и законските ограничувања за рекламирање на алкохолни производи што ја доведува УЕФА во конфликт со спонзорите. Извршниот комитет на УЕФА во четврток ќе гласа за домаќинот на Европското првенство во 2024 година.
Претходно УЕФА и ја додели на Турција организацијата на финалето во Лигата на шампионите во 2020 година
Comments are closed for this post.