УЕФА официјално донесе одлука привремено да ги стопира постапките против фудбалскиот клуб Милан во однос на Финансискиот фер плеј. Ваквата одлука на УЕФА ќе биде на сила додека не се добие разрешница на минатогодишната жалба на Милан доСудот за спортска арбитража (ЦАС).

Според последната одлука на Европската фудбалска федерација, италијанскиот клуб ќе може да настапува во Лига Европа, но тоа може да се промени во зависност од конечната пресуда по жалбата.

Постапките на суспензијата ќе се прекинат до издавањето на финалниот резултат на прашањето на ЦАС – се наведува во соопштението на УЕФА.

Пред ваквата одлука на УЕФА, на Милан се квалификуваше во Лига Европа, но беше шпод закана за забрана за настап. Доколку жалбата на „росонерите“ до ЦАС не биде шприфатена, Милан ќе биде исклучен од Лига Европа, а неговото место ќе го заземе Торино.