Федералниот суд на Белгија поведе обвинение за перење пари и корупција и побара апсење на седум луѓе во Лиеж (Белгија), Монако и Лондон, меѓу кои се наоѓа и Кристоф Енроте, менаџерот на голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа.
Обвинението претежно се однесува на активности на перење пари и корупција при трансфери на фудбалери – се наведува во соопштението на белгискиот суд.
Во истото соопштение се посочува дека две од лицата под истрага биле уапсени, фудбалски менаџер во Монако и неговиот асистент во Лиеж.
Според телевизијата РТБФ, уапсениот е токму Енроте, кој меѓу другите, освен Куртоа ги застапува и белгиските репрезентативци Кевин Миралас, Јури Тилманс и Јаник Караско.
Comments are closed for this post.