Тотенхем е првиот финалист во Лига Купот на Англија по победата од 2-0 над второлигашот Брентфорд. По пауза од 13 години, Петлите ќе се борат за трофејот во ова натпреварување, додека ова е прв нивен пласман во едно финале со Жозе Мурињо како менаџер.

Специјалниот воедно ќе се обиде по петти пат да го дофати пехарот од Лига Купот, откако претходно трипати го освои со Челзи и еднаш со Манчестер јунајтед