Торонто репоторс, единствениот тим од Канада кој се натпреварува во американската национална кошаркарска лига (НБА) стана новиот шампион со убедлив триумф над Голден Стејт со 4:2 во победи, а Торонто титулата почна да ја слави од ноќеска, Триумфално.

Меѓу радосната публика, која мечот го следеше во „Џурезик парк“ на видео бим имаше многу Македонци од повеќе генерации кои се емотовино поврзани со клубот. Основачот на репторси е Македонец по потекло.

Џон Битов помладиот од синоќа има уште повеќе причини да слави зшто неговиот сон како спортист и како бизнисмен почнат во 1993 година кога тој го основа тимот и доби покана за натпреварување во НБА.

Семејствотото на Битов е познато во Канада. Покојниот Џон Битов, таткото, е успешен бизнисмен кој стигнал до богатство вредно повеќе од една милијарда евра. Пишувалот на овие редови е сведок кога тој јавно се заблагодари и изрази голема среќа што по многу години чекање доби пасош од Република Македонија. Тоа е за историја!

Синот Џон, е роден во 1960 година во Торонто, Онтарио, и како што пишува Википедија, „тој е познат бизнисмен и основач на Торонто репторс“.

Неговата холдинг компанија „Обелиск“ е разгранета на повеќе места, меѓу кои и огранокот Сириус Икс-Ем Канада, најголемиот прептлатнички радио сервис. Тој е основач на „Мобилисити“, мобилен безжичен севис, кој беше продаден во 2015 година на „Роџерс комјуникејшн“.

Но, да се вратиме на баскетот. Патот кон успехот почнува на 30 септември 1993 година кога Торонто репоторс станува 29. тим во НБА лигата. За потребите на тимот тој го предводи тимот инвеститори на салата „Ер Канада“ центарот, една мултифункционалана сала најмодерна во тоа време. Таму се игра и хокеј, се одржуваат концерти, конгреси…

Џон Битов е познат и со својот политички активизам и бил претседател на Градот Торонто на волонтерска основа кога конкурираат за домаќин на Олимписките игри за 2008 година.

Во 2005 година му е доделена награда Џејмс Најсмит за достигнувања во кошарката во Канада. Истата година го основа и Фондот за дополнителна школска програма (драма, рекреација, уметности, музика, спорт) со кој се опфатени околу 1.000 државни училишта.

„Торонто репторс стана глоблчано познато име, како што и заслужува зашто и Торонто е космополитски град. Да беше татко ми жив (почина 2015) ќе се гордееше на овие постигнувања“, изјави за Торонто стар Битов.

А, во историјата на репторси постанаа забележани имињата на Дејмон Стадамаер Винс Картер, Трејси МекГрејди, Крис Бош и сега МВП играчот Каваи Ленард. И секако Џон Битов, кој е секогаш со тимот и кој натпреварите ги следи во Скојша бенк арена во за него резервираниот бокс каде мечевите ги гледа со своето многубројно семејство.