Вељко Ражнатовиќ му упари отворена покана на Петрит Мазрекај да се соочат во рингот. Вељко има замерка на Петрит што тој се заканува само преку медиуми но никако да испрати покана за официјален меч.

Сепак доколку дојде до борба српскиот боксер најавува дека ќе го „среди“ по брза постапка.

Не знаев ни дека постои додека по нивните весници не почна да кажува будалаштини.Јас сакам да дојде и тој меч да се случи, но кога веќе провоцира да дојде овде и да испадне мангуп-вели Вељко.

Петрит има 28 години и живее во Австрија но по потекло е од Косово.