Тиквеш за прв пат во историјата го освои Купот на Македонија.Во финалето ја совладаа Воска Спорт од Охрид со 2-1.

Во прекрасна атмосфера на Градскиот стадион околу 10.000 навивачи уживаа во убавата игра. Навачите на Тиквеш имаат причина за задоволство бидејќи нивниот тим за првпат ќе игра на европска сцена, поточно во квалификациите за Конференциската лига.