Францускиот тенисер Максенс Бровил е суспендиран на седум години бидејќи одбил да соработува со истрагата за местење натпревари.

Овој 25-годишен тенисер се најде во центарот на вниманието на јавноста пред два месеци кога јавно призна дека е во врска со  Фабиен Ребол. Потоа на социјалните мрежи објави фотографија на која се бакнуват. Така Максенс и Фабиен станаа првата геј двојка во машкиот тенис.

Тој беше обвинет за учество во местење натпревари во 2017 и 2018 година. Иако тој ги негираше обвинувањата, требаше да биде сослушан за време на истрагата на ITIA.

Тој се обврзал да соработува и своите електронски уреди да им ги даде на инспекторите.

Бровил немаше многу успех во сингл кариерата, најдобар пласман му е 708. место на АТП листата, а често настапуваше и во конкуренција на двојки.