Натпреварот меѓу Швајцарија и Србија заврши со триумф на Швајцарците (3-2) кои патуваат во следната рунда. Но, дуелот покрај убавите голови во првото полувреме и на стартот на второто, го одбележаа и невкусни сцени од двете страни.
Од српска страна, селекторот Драган Стојковиќ – Пикси користеше непримерни зборови кон Албанците при постигнатиот гол за предност. Оттогаш, тензијата само растеше и растеше, прашање на време беше кога ќе ескалира.
Видеата погледнете ги ТУКА
Откако Швајцарците направија пресврт, во фокусот се најде Гранит Џака. Играчот се фати за меѓуножјето и упати пцовки кон српската клупа и голманот Рајковиќ, за кого во изминатите денови се пишуваше многу низ таблоидите, работи поврзани за неговата сопруга.
И во самиот финиш имаше инциденти, па судијата и дел од соиграчите во Србија и Швајцарија мораше да ја смируваат ситуацијата. Пак во центарот беше Гранит Џака, кој влезе во конфликт прво со стоперот Миленковиќ, па и со голманот Милинковиќ-Савиќ, а на крај и со Александар Митровиќ.
Comments are closed for this post.