Во луд натпревар Србија испушти победа против Камерун иако водеше со 3-1. Одлична игра на избраниците на Пикси но за жал не успеаја да го задржат водството.
Најпрво младиот српски бек Страхиња Павловиќ го постигна првиот гол за Србија на Светското првенство во Катар.
По одличниот центаршут на Душан Тадиќ од слободен удар во 45. минута од натпреварот, Павловиќ направи извонреден скок и ја затресе мрежата на Камерун за израмнување 1:1.
Само две минути подоцна видовме целосен пресврт благодарение на мајсторијата на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Фудбалерот на Лацио доби додавање од Андрија Живковиќ и шутираше прецизно, со левата нога, од приближно 18 метри.
Со нерешениот резултат од 3-3 на Србите ќе им биде неопходна победа против Швајцарите но и така нема да бидат сигурни за пласман во вториот круг.
Comments are closed for this post.