Македонскиот карате состав кулминираше на последниот ден од ЕП во Данска во конкуренција на помлади сениори до 21 година.Петар Спасеновски и Доан Османи се изборија за златни медали.
Во категоријата до 84 килограми Петар Спасеновски го освои насловот европски првак откако во финалето го порази словакот Ади Гјуриќ со изјаснување на судиите, а во борбата финалистите освоија по еден поен. Спасеновски на пат до златниот медал и финалето ги совлада Јоел Ван Меркерк од Холандија, норвежанецот Федерико Лопез Салас ,Хамза Цајиќ од Босна и Херцеговина и шкотот Грег Андресон.
Доан Османи во категоријата до 75 килограми беше супериорен во финалето против грузиецот Никита Белјавски со 4-0 а на патот до првата европска титула ги победи Беким Баша од Албанија,Енес Булут од Турција,холанѓанецот Брајан Лусе и гркот Димитрос Ригас.
Претходно, со сребрени медали се закитија Глигор Петков во јуниорска како и Бојан Костов во кадетска конкуренција.
Comments are closed for this post.