Италијанскиот шампион Јувентус може да извади неверојатна сума за да го купи напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, пренесува Sky News Arabia.

Според информацијата, Јуве може да извади 200 милиони евра за да го придобие египетскиот голгетер. Суперѕвездата на Италијанците, Кристијано Роналдо, дал зелено светло за реализација на таквиот потег.

Салах веќе има играно во италијнското Калчо, кога ги бранеше боите на Фиорентина, па на Рома, пред Ливерпул за него да плати 40 милиони евра. Минатата сезона Салах за Ливерпул постигна 32 гола. Сезонава, пак, досега има постигнато 17 погодоци.