Емилијано Сала починал веднаш при ударот на авионот во вода, откриваат истражителите по направената обдукција на телото.

Фудбалерот беше пронајден во петокот во авионот две недели откако се струши во каналот Ла Манш. Сала беше на пат од Нант кон Кардиф откако го комплетираше трансферот вреден 15 милиони фунти.

Истражителите потврдуваат дека смртта на Сала настапила веднаш и починал од силна траума на главата и градниот кош. Тој бил идентификуван по отпечатоците од прстите. Телото на пилотото на авионот Дејвид Иботсон и натаму не е пронајдено.

Сала беше пронајден откако неговот семејство организираше приватна потрага со финансиска помош од хуманитарни средства, бидејќи спасувачките служби ја прекинаа потрагата по само три дена по авионската несреќа.

Засега нема официјални информации за приничините за падот на авионот „Пајпер Малибу“.