Јане Сандански повторно скандира „Само напред Вардаре“. Носени од публиката нашите ракометари се вратија на победите во Лигата на шампионите, за можеби второто место во групата.
Совладан е белоруски Мешков Брест (36-31) а јунак е младиот Кизиќ кој со неколку одбрани при крајот на мечот ја сочува предноста.Вардарци речиси целиот меч имаа предност од неколку голови кои не ја испуштаа до крајот. Вардар повторно е оној стариот кој игра за секоја топка и сите ракометари се бодрат меѓусебно.
Нека продолжат така, следниот предизвик е во Сеха лигата, веќе утревечер против Војводина.
Comments are closed for this post.