Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер не очекува играчот од средниот ред Пол Погба да си замине од „Олд трафорд“.

Вие новинарите постојано поставувате прашања за иднината на Погба. Нема ниту една прес-конференција на која јас не одговарам на прашања за него. Погба во 80 % од одговорите на новинарите вели дека ужива во времето поминато во тимот. Јас апсолутно не сум загрижен за Погба. Мислам дека тој ќе остане, изјави Солскјер.

Минатата година 26-годишниот Французин одигра 47 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна 16 голови и оствари 11 асистенции.

Договорот на Погба со англискиот клуб е со важност до 30 јуни 2021 година.

На фудбалскиот пазар вредноста на евентуалниот трансфер на францускиот репрезентативец се проценува на 100 милиони евра.