Фернандо Овелар е фудбалерот што влезе во историјата на Парагвај. Тој не само што постигна гол во најголемото дерби во земјата, туку го стори тоа со само 14 години.

Овелар, напаѓачот што за два месеца ќе полни 15 години, постигна гол во парагвајското Суперкласико за водство на Серо Портењо во ремито против Олимпија, што заврши 2:2.

Тој втрча во празен простор по што во манир искусен стрелец  рутинирано ја префрли топката преку голманот.