Популарниот мексикански кечер Силвер Кинг почина во Лондон среде борба. 51-годишниот борец се сруши и неподвижно лежеше во подот. Лекарите притрчаа веднаш но беше доцна. Цезар Барон починал од срцев удар.

Тој беше голема звезда во својата земја и беше познат по маската која никогаш не ја вадеше. Настапи и во филмот “Naćo Libre”.