Погребот на легендарниот фудбалер е закажан за денеска во 11 часот во Рим, а прстот на судбината режираше неверојатно сценарио.

Имено, Миха ќе биде погребан на Денот на Свети Никола. Заштитникот на морнарите имал посебно значење за Михајловиќ, за што еднаш зборувал.

Пред се Свети Никола беше слава на Михајловиќ, но Чудотворецот не беше значаен само за поранешниот играч на Црвена звезда.

Миха со својата Звезда го освои Купот на шампионите на стадионот „Свети Никола“ во Бари и со тоа ја испиша историјата на српскиот и југословенскиот фудбал.

Прстот на судбината сакаше да биде закопан токму на Свети Никола.