Екипата на Силекс е победник на фудбалскиот Куп на Македонија. Во Куп финалето Силекс беше подобар од Академија Пандев против која славеше дури по изведувањето пенали, откако по регуларниот дел и продолженијата немаше голови.

Во пенал-рулетот кратовци беа поконцентрирани и подобри за конечна победа со 4-3.

Со победата во финалето, фудбалерите на Силекс се изборија за третата победа во Купот по тие освоени во 1994 и 1997 година.