Најголемата ѕвезда на Бразил Нејмар реши на Инстаграм да ги објави преписките што ги има со соиграчите по елиминацијата во Катар, за да покаже какво единство владее во репрезентацијата.

Казната нема да го промени она што го мислам за тебе“, му напиша Нејмар на дефанзивецот Маркињос.

„Навистина сакав да успееме, никогаш не мислев дека тоа ќе биде пречка на патот до остварување на нашите соништа, но мора да продолжиме“, одговори неговиот соиграч.

“Така е, се минува, добри и лоши моменти. Мораме да бидеме силни, да видиме што уште ни подготвува фудбалот. Најпрво, јас сум твој пријател, те сакам”, напиша Нејмар.

Имал и интересна преписка со Тиаго Силва.

“Брат, морам да ти кажам дека сум повеќе заебан отколку што можев да замислам. Ова е неподносливо како се чувствувам. Не можам да верувам дека изгубивме. Секој пат кога ќе се сетам – плачам. Но, ќе биде подобро. “ напиша искусниот дефанзивец.

“Секогаш кога ќе го вклучам телевизорот полудувам. Мора да продолжиме понатаму, брат. Ти, Дани Алвеш и јас заслуживме повеќе, но Господ е со нас и знае се”, одговори Нејмар.