Вчерашните слики од Тетово покажуваат дека политката е длабоко навлезена во фубалот. Доделувањето на титулата на Шкендија повеќе наликуваше на митинг на ДУИ отколку на фубалски натпревар.
На стадионот се истпприја вицепремиерот Артан Груби, Талат Џафери, градоначалничката Теута Арифи и лидерот на партијата ДУИ Али Ахмети.
Ахмети дури и го крена пехарот за освоеното првенство небаре е капитен на Шкендија.
Дали тој видел лидер на партија да го крене пехарот на ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер Сити…?
Долу на теренот покрај на фубалерите место му е единствено на претседателот на ФФМ Мухамед Сејдини и на никој друг.
Затоа прашање е што ќе каже УЕФА на ова ако се знае дека европската организација најстрого забранува мешање на политиката во фубалот.
Во ФФМ тоа добро го знаат и затоа медиумите застанаа во нивна одбрана кога државата се замеша во автономијата на фудбалската федерација и бараше тие да го усогласат својот статут со тој на Законот за спорт.
Присуството на политичари на прославата само фрла дамка на заслужената титула на фудбалерите на Шкендија.
И да, каде е македонското знаме на јарболот на стадионот?
Comments are closed for this post.