Шпанија и Аргентина ќе играт во борбата за златниот медал на Светското кошаркарско првенство во Кина. За место во финалето, Шпанците ја совладаа Австралија со 95-88, додека Аргентина славеше против Франција со резултат 80-66.

Особено неизвесно беше на дуелот во кој Шпанија дојде до трумф дури по две продолженија и ооткако најдобриот австралиски кошаркар, Пети Милс, утна слободно фрлање за водство на 4,7 секунди до крајот на регулраниот дел. Клучен лик во шпанските редови беше искусниот центар, Марк Гасол, кој мечот го заврши со 33 поени, шест скокови и четири асистенции и со особено сигурна игра во двете продолженија. Голема улога одира и Серхио Љуљ, кој со две тројки во второто продолжение дефинитивно го скрши отпорот на Австралијанците.

Во второто полуфинале немаше таква драматика, со оглед на тоа што Аргентина одигра доминантен натпревар и го контролираше резултат во практично целиот тек на мечот. „Гаучосите“ ги добија сите четири четвртини за конечната предност од 14 поени разлика. И во нивните редови најефикасен беше највозрасниот, Луис Скола, кој имаше дабл-дабл ефект од 28 поени и 13 скокови.

Аргентина и Франција ќе го играат финалето в недела со почеток од 14 часот, додека мечот за третото место, меѓу Австралија и Франција ќе почне три часа порана, односно во 10 часот.