Шкендија со победа ја започна европската сезона. Во натпревар од првото квалификациско коло од Конференциската лига ја совладаа екипата на Хаверфордвест од Велс со 1-0. Стрелец на победоносниот гол беше Аденис Шала.

Екипата од Тетово вчера ја имаше контролата на мечот иако тоа не беа шанси од некои добро изработени акции. Се гледа дека екипата на тренерот Ардијан Нухиу не е уиграна и ќе мора уште да се работи до почетокот на македонското првенство.

Реванш мечот се игра следната недела во Велс и Шкендија ќе мора и таму да игра максимално ангажирано доколку сака пласман во следното квалификациско коло.