Фудбалерите на Шкупи забележаа убедлива победа со 5:0 вчера на гостувањето во Каунас против Хегелман.

Чаирачани со оваа победа направија голем исчекор кон второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Јунак во триумфот на Шкупи беше Реналдо Цефас кој постигна четири гола. Еднаш во листата на стрелците се запиша Куевен.

Реваншот е по седум дена во Скопје.