Кристијано Роналдо и неговото семејство добија кралско сместување во главниот град на Саудиска Арабија.

Познатиот фудбалер, кој во Ал Наср ќе заработува нереални 200 милиони евра годишно, ужива во луксузниот апартман на најлуксузниот хотел во Ријад, пренесува британски „Дејли мејл“.

Роналдо и неговото семејство живеат во познатата Кралска кула, една од највисоките згради во Саудиска Арабија.

 

Португалецот го доби најновиот стан кој се простира на два ката и има најспектакуларен поглед на целиот град.

Ако парот сака да ужива во романтиката, може да го користи и ресторанот „Скај бриџ“, кој се наоѓа на врвот на Кралската кула и е една од најпопуларните туристички дестинации во Ријад.

Раководството на хотелот му ветило на Португалецот дека ќе го затворат ресторанот за јавноста и ќе постават маса на средината на мостот, доколку славниот ас сака приватност со својата избраничка.