Малата државичка Андора има и истоимен клуб кој се натпреварува во пониските лиги на Шпанија. Овој клуб е познат најмногу по својот газда а се работи за дефанзивецот на Барселона Пике.

Тој е сопственик на клубот и сака да го издигне на повисоко ниво.Моментално играат во шестата лига на Шпанија но сакаат да натпреваруваат во повисок ранг бидејќи градот живее за клубот.

Порано го следеле само по дваесетина гледачи а сега на натпревар имаат и по 400. Газдата донесе некои од играчите на Барса кои не се во прв план како  Мартија Ривеола и Адриа Виланова, синот на поранешниот тренер на Барселона Тито Виланова.

Андора следната сезона ќе игра во терцера дивизија и со тоа се здоби со шанса са учествува во главниот жреб на шпанскиот клуб. Кој знае може ќе играа токму против клубот на сопственикот.