САД и Велс одиграа нерешно 1-1 во  првиот натпревар на Светското првенство.

САД беа подобар противник во првото полувреме и  ја контролираа играта.

Од првата сериозна шанса постигнаа гол за водство. Пулишиќ одлично го проигра Веа, кој беше прецизен и погоди за 1:0.

Велс во вториот дел се обидуваше да дојде до гол, а тој стигна во 82-та минута кога Бејл беше прецизен од белата точка.