Суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе ја тужи 34-годишната Кетрин Мајорга поради штетите, нанесени од нејзините обвиненија во „Шпигел“ дека тој ја силувал.
Како што е познато, Мајорга изјави пред изданието дека фудбалерот ја силувал во Лас Вегас во 2009 година, по што и платил 375 илјади долари за да си молчи. Таа дури изјави дека откако завршил со неа Португалецот, „паднал на колена и рекол дека 99% е добар човек, но бил предаден од останатиот 1%“.
 Информациите во „Шпигел“ ги кршат личните права на нашиот клиент Кристијано Роналдо на сериозен начин. Ова е неприфатлив одраз на сомневања во сферата на личниот простор. Затоа, би било нелегално да се репродуцираат. Добивме инструкции веднаш да ги преземеме сите постоечки легални мерки против весникот, и да бараме компензација за моралната штета во количество, кое кореспондира на минувањето на границите, што најверојатно е едно од најсериозните прекршувања на личните права во последните години, се вели во изјавата на Кристијан Шертс, адвокатот на напаѓачот.
Во меѓувреме, самиот Роналдо зборуваше за оваа тема за време на неговиот директен пренос на Инстаграм.
 Ова е лага. Таа сака да се прослави на сметка на моето име. Ситуацијата е таква – тоа е дел од мојата работа, прокоментира кратко тој