Во интервју за Синдикатот на професионални фудбалери (ФИФПро), хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, кој ги доби наградите за најдобар фудбалер на сезоната на ФИФА и на УЕФА, изјави дека физички се уште ги чувствува последиците од Светското првенство во Русија.

Тешко ми е вратам во нормала по физичкиот и емоционалниот напор што го вложивме во Русија. Не беше лесно да се почне сезоната од почеток со Реал Мадрид. По Мундијалот и емоциите што ги доживеавме таму целосно „се испразнив“. Имав само три недели одмор, затоа што по турнирот една цела недела бевме по прослави, прво во Загреб, а потоа низ цела Хрватска. Долги години посакувавме да направиме нешто со националниот тим и кога стигнавме во финалето сите тие желби, сите очекувања акумулирани низ годините се срушија над нас“ – вели Модриќ во интервјуто.