Кристјано Роналдо ја надополни колекцијата од луксузни автомобили.Тој пред неколку дена се поднови со нов Ролс Ројс. Моделот го носи името „Калиман“ по најскапоцениот дијамант.

За цената на ова возило и не прашувајте, ќе ви се заврти во главата. Чини 460.000 евра, колку што изнесува неделната плата на Португалецот.