Барселона сподели во профилите на социјалната мрежа кадри од радоста на Лео Меси и компанија по успехот над Реал Мадрид со 1:0 во натпреварот од 26-тото коло на Ла Лига. Само во рок од три дена каталонците го победија вечниот ривал два пати и тоа во неговиот дом – „Сантијаго Бернабеу”, а по вчерашното „Ел Класико” каталонците споделија видео и напишаа: „Дежаву, Ве уверуваме дека кадрите не се од средата”.

Потсетуваме дека претходно неделава Барселона постигна победа со 3:0 над „кралскиот” клуб во Мадрид и така го елиминира од полуфиналето на Купот на Шпанија по вкупен резултат 4:1. Со саботниот успех пак момчињата на Ернесто Валверде поведоа со 12 бода пред „белите” на врвот во Примера.

Актуелниот шампион во Ла Лига веќе има предност од 60 поени, додека „кралевите” се трети со 48. На втората позиција во генералниот пласман е Атлетико Мадрид со два поени повеќе од европскиот клупски шампион, но и со натпревар помалку.