Нов тренер и веднаш победа. Откако Солари седна на клупата Реал Мадрид го совлада Ваљадолид во “Примера” со 2:0.

Иако се намачи сепак стигна до крајнаата цел. Реал Мадрид поведе со авто голот на Кико Оливас. На 2 :0 зголеми Серхио Рамос од пенал.

Ова е прв триумф откако тренерот Лопетеги го напушти клубот по серијата лоши резултати. Реал е на шестата позиција на табелата со 17 бода.