Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, често е цел на критики поради слабите резултати на тимот, но по најновиот кикс, односно ремито со Фрајбург на домашен терен, критиките кон Хрватот добија нова димензија.

Најновото негодување за неговата работа, Ковач ја доби од сопругата на напаѓачот Томас Милер, Лиза. Таа на инстаграм објави фотографија на која ја критикува одлуката на Ковач да го внесе нејзиниот сопруг во игра дури во 71 минута.

Потребни се дури 70 минути за тој да го сфати очигледното – напиша Лиза на фотографијата на која Ковач му дава инструкции на Милер, при неговото влегување во игра.

Лиза брзо по објавата ја избриша сликата, но до тогаш неа веќе ја преземаа од фан клуб на Баерн.

По средбата, новинарите го прашаа Милер за ставот на неговата сопруга на што тој одговори:

Мене ми се чини деке тоа биле пред се нејзините емоции. Не сметам дека тоа што го направила е сјајно, но со тоа ја искажува нејзината љубов кон мене.

Како што објавуваат германските новинари, по средбата, прашан за сликата, Нико Ковач само кратко одговорил дека не сака да ги коментира објавите на социјалните мрежи на сопругите на неговите фудбалери.