Реал Мадрид по се изгледа е решен за трансферот на ѕвездата на Париз-Сен Жермен, Нејмар, пренесуват медиумите во Шпанија.
Според пишувањата, „Кралевите“ за Бразилецот ќе понудат сума од 165 милиони евра плус играчот од средниот ред Хамес Родригез, кој Реал Мадрид го цени на околу 50 милиони евра.
Претходно Интер и Наполи беа заинтересирани за Хамес, но понудите на италијанските клубови не беа прифатени од Реал Мадрид.
Наводно, новиот предлог на Реал за Нејмар ќе биде последен, пренесуваат медиумите.
Доколку ПСЖ одбие, Мадрид ќе крене раце од напаѓачот, барем до следниот зимски трансфер. Францускиот клуб е повеќе заинтересиран за вклучување на напаѓачот Винисиус и дефанзивецот Рафаел Варан во договорот, но Реал нема да се раздели со овие играчи.
Comments are closed for this post.