Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос им се приклучи на Герет Бејла, Марко Асенсио и Дијаз, кои поради поврда не му се на располагање на тренерот Сантијаго Солари.

Германскиот репрезентативец се повреди викендов во поразот против Сосиједад (2:0) и нема да биде на терените еден месец поради повредата, соопшти актуелниот европски и светски шампион.

На местото на Крос, шанса на следниот дуел ќе добие Дани Себалос, претстојниот викенд против својот поранешен клуб Бетис.

Тони Крос ќе ги пропушти и средбите со Леганес во Купот на кралот, потоа со Севиља, Еспањол и Алавес во Примера лигата, а останува неизвесно дали ќе биде целосно подготвен и за градското дерби со Атлетико Мадрид на 10 февруари.