Македонската ракометна репрезентација го совлада Исланд со 34:33 во натпреварот од групната фаза во квалификациите за Европското првенство 2020 година. Ова е прва победа на македонската репрезентација во Рејкјавик.
Голот за победа во последната секунда од натпреварот го постигна Дејан Манасков од пенал во вториот обид откако во првиот шут исландскиот голман беше поуспешен. Претходно нашите ракометари направија пробивање по што им бепе одземена топката,но и исланѓаните згрешија и некоректно ја исфрлија топката надвор од теренот. Тоа од страна на судиите беше санкционирано со црвен картон за Исланд и пенал за Македонија.
Нашата репрезентациија играше добар ракомет во најголем дел од натпреварот. Ова бепе и деби натпревар за новиот слектор Данило Брестовац.
Манасков со осум, Георгиевски со седум и лазаров со шест голови беа најефикасни македонски репрезентативци.
Comments are closed for this post.