Бразилскиот фудбалски сојуз (ЦБФ) ја презентираше опремата која ќе ја користат фудбалерите на Копа Америка 2019. Фотографиите беа објавени на официјалниот твитер-профил на ЦБФ.

Овој пат, основниот сет на „кариоките” е комбинација на бела и сина боја, (бела маичка, сини шорцеви). Резервен сет е жолто-зелена форма.

Во бело, бразилската репрезентација играше на Светското првенство во 1950 година. Американскиот куп оваа година ќе се одржи во Бразил од 14 јуни до 7 јули. Бразилците ќе играат во групата А со Боливија, Венецуела и Перу