Европската ракометна федерација (ЕХФ) заедно со клубовите учесници во осмина-финалето на Лигата на шампионите и ТВ куќите што ги имаат правата ги одредија термините за одигрување на натпреварите.
Вардар во осмина-финалето ќе игра со ППД Загреб, а победникот од овој двомеч ќе се пласира во Топ-8 фазата. На првиот натпревар домаќин е хрватскиот тим, и тој е закажан за 23 март (сабота) 2019 година во 20,30 часот во Арена Загреб.
Реваншот во Скопје е закажан за 30 март (сабота) 2019 година во 19,30 часот.
Comments are closed for this post.